Проследете го ројот Персеиди на ноќното небо

0
303

Ноќеска, среда кон четврток, се очекува максимумот на метеорскиот дожд од Персеидите кои секоја година, во август може да се видат на небото, а нема да не одминат ниту годинава.

Тие се сигурно еден од најубавите метеорски дождови во текот на годината, а сигурно најнабљудуваниот дожд од сите. Временските услови се погодни, надвор е топло, голем дел од луѓето се некаде на одмор, надвор од градските средини, па затоа овој дожд е популарен дури и кај обичните граѓани кои не се занимаваат со астрономијата.

Персеидите веќе се доста активни. Овој рој е активен од 17 јули до 24 август. Како и речиси секоја година, главниот максимум се очекува ноќта меѓу 12 и 13 август и тоа од 1 до 3.30 часот (рано наутро). Вообичаено, очекуваното ZHR (зенитна часовна активност) е од 50 до 200 метеори. Како што кажува и името, радијантот на овој рој (за време на максимумот) се наоѓа во соѕвездието Персеј, пишува astronomija.mk.

Нема да ви требаат никакви оптички помагала. Впрочем, метеорите и не се набљудуваат поинаку. Затоа, наместете удобна столица , од оние на расклопување кои се поставуваат во полулежечка состојба, одберете свое парче на небото и едноставно уживајте