Проститутки и муштерии принудени голи да шетаат по улица

0
927

Беше тоа своевиден од на срамот за 11 проститутки и за неколку нивни муштерии, кои руската полиција ги привела по рација во бордел во Санкт Петерсбург. Одеа целосно голи низ пет улици, а ги сними случаен минувач, пренесува „Јутарњи лист“.

Повеќето од уапсените биле девојки што работеле во борделот, како и неколку клиенти. Тројца мажи, пак, успеале да побегнат на задната врата кога почнала рацијата.

Според некои руски медиуми, рацијата била спроведена откако борделот предизвикал поплава во станот под нив.