Протекоа милиони документи од офшор компании во Панама

0
517

Светски познати лидери и политичари, шоу бизнис ѕвезди…се само дел од лицата чии сметки во офшор компании во Панама ќе бидат објавени деновиве, објави Гардијан. Гардијан, работејќи заедно со новинари од над 80 земји наскоро ќе објави дел од т.н. „the Panama Papers” (документи од Панама, с.п.).

Новинарите разгледоа над 11.5 милиони фајлови, кои протекоа од дата базата на Mossack Fonseca, една од светски најголемите офшор правни фирми. Ќе бидат објавени документи од над 140 офшор компании.

Документите беа доставени од анонимен извор на германскиот весник Süddeutsche Zeitung и споделени со интернационален тим на истражувачки новинари во соработка со Гардијан и БИ-БИ-СИ.