Протест и контрапротест пред Уставниот суд

0
619
Опозицијaта ќе се приклучи на денешниот граѓански протестен марш од пред Владата до Уставниот суд. Опозиционерите тврдат дека со одлуките на Уставниот суд се урива уставниот поредок, токму затоа првиот опозиционер ги повика граѓаните на одбрана на Уставот.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пак не го коментира протестот на граѓаните и на опозицијата, повтори само дека неговиот став е идентичен како во 2009-та.
Препозна, како што вели, задна намера од опозицијата. На протест повика и коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски, во исто време во близина на Уставен суд. Тврди, тоа не било контра протест, туку поддршка за институциите.