Протест на ГДОМ пред комплексот судови за поддршка на Талески

0
1111

Пред комплексот судови во Скопје започна собирот за поддршка на битолскиот градоначалник Владимир Талевски.

Со нивното присуство и протестот, како што велат граѓаните, сакаат да му покажат на судот дека Талески не е виновен и не смее да оди во куќен притвор. Според нив, СЈО и опозицијата прават жесток притисок врз судиите за да одлучат Талески и негови соработници, но и луѓе од власта да завршат во македонските затвори.

Денеска се очекува во Апелацискиот да заседава Кривичниот совет и да одлучи дали Талески ќе остане во куќен притвор, како што одлучи Кривичниот суд.  Инаку, деновиве Кривичниот суд потврди дека по факс пуштиле известување до битолската полиција да го приведе Талевски, а отаму четири дена тврдеа таква наредба не добиле.

На денешниот протест поддршка на Талески му даваат и градоначалнивците од ВМРО-ДПМНЕ, а меѓу граѓаните се градоначалниците на Аеродром, Карпош и на Скопје, Ивица Коневски, Стевчо Јакимовски и Коце Трајановски.