Протест на мигрантите, бараат Македонија да ги пропушти

0
431

Протестираа мигрантите кои се наоѓаат на грчка страна. Бараат Македонија да ја отвори границата и да ги пропушти кон Западна Европа.

Околу 400 мигранти со транспаренти во рацете протестираа поради тоа што се блокирани во кампот во Идомени, каде според некои проценки има околу 5 илјади мигранти,  и што европските земји го намалија бројот на бегалци кои ги примаат.

Бројот на мигрантите блокирани во Идомени на грчко-македонската граница расте откако четири балкански земји, помеѓу кои и Македонија, одлучија да воведат нови квоти како реакција на последнит потег на Австрија.

– Оваа ситуација ќе биде решена за 15 дена, изјави грчкиот министер за миграција Јанис Музалас за грчката новинска агенција додавајќи дека владата ќе инсталира кампови низ целата земја во кои ќе можат да се сместат од 2 до 3.000 лица.

Оваа блокада настана откако Македонија одлучи пред една недела да ја затвори границата за Авганистанците и земјата бара од Сиријците и Ирачаните лични документи заедно до документите добие во центрите за регистрација во Грција.

Словенија и Хрватска, исто како и Македонија и Србија, најавија во петокот дека бројот на дневни влезови во земјата ќе го лимитираат на 580 лица.