Протест на Протестирам во Битола

0
820

Демонстрантите од т.н Шарена револуција синоќа тргнаа од плоштадот Магнолија во Битола, зборно место во изминативе два месеца.  Се упатија кон зградата на општина Битола каде побараа оставка од градоначалникот Талески. По објавувањето на аболицијата од страна на претседателот Иванов уште во средината на април, Протестирам речиси секојдевно организираат протести и во Битола. Почнаа со барањето за повлекување на аболицијата, оставки од власта и одложување на тогаш закажаните изборите. Откако Иванов ја повлече аболицијата, протестите во Битола ги продолжија, но и со блокади на сообраќајниите.