Протест на средношколците во Битола

0
6600

Стотина средношколци од сите средни училишта денеска ја бојкотираа наставата од 11 до 13 часот. Во 11 часот тргнале од пред средно училиште Таки Даскало, преку економското, кон гиманзијата Јосип Броз Тито, а ќе оделе и пред другите средни училишта во градот. Средношколци со знамиња и скандирања ги сретнавме пред Економското Јане Сандански , каде што ги истакнаа своите барања дека се за зачувување на унитарниот карактер на државата и ако што рекоа против албанската платформа

-Денес се собравме учениците од сите средни училишта во градот. Започнавме во 11 часот од СОУ Таки Даскало, сега сме пред економското училиште, па ќе одиме пред Гимазијата Јосип Броз Тито. Сите тука што сме . сме против албанската платформа, не сакаме да учиме албански јазик. Ќе ја бојкотираме наставате се4кој ден од 11 до 13 часот, изјави ученик од СОУ Таки Даскало во Битола.

Средношколците од пред Економското училиште се упатија кон горната гимназија со намера да ги охрабрат своите врсници да се приклучат кон протестот. Планираат и во наредните денови од 11 до 13 часот да ја бојкотираат наставата .

Средношколскиот пленум од Битола преку соопштение се оградија од протестите на средношколците.

Во соопштението стои :

-Ние како Средношколски пленум Битола јавно се оградуваме од ставот на средношколците кои ја поддржуваат иницијативата за заштитување на унитарноста, затоа што сметаме дека пред две години кога ние организиравме бојкот причината беше од едукативен карактер, односно не засегаше сите, тоа беше бојкот за екстерното тестирање, стои во соопштението од Средношколскиот пленум