Протест на вработените во јавниот превоз во Грција

0
237

Јавниот превоз во Грција денеска и в четврток ќе биде прекинат поради протест на работници во овој сектор против плановите на Владата за пензиските реформи, приватизацијата и намалување на буџетот.

Денеска од 10 до 15 часот нема да работи метрото во Атина, трамваите, електричната железница, а ќе функционираат приградските и меѓуградските возови.

В четврток ќе има поголем прекин во транспортот, со оглед на генералниот штрајк што го организираат двата најголеми синдикати во знак на протест против пензиските реформи. Во четврток нема да работат ниту таксистите.