Протест пред МВР

0
824

Со транспаренти во рацете на кои пишува „Оливер за колку пари го продаде македонскиот народ“ или „Оливер зошто зимаш плата“, група граѓани попладнево се собраа пред Министерството за внатрешни работи и бараат одговорност од министерот Оливер Спасовски за уништувањето на темелите на 55 метарскиот крст во скопската населба Бутел. Тие сметаат дека Спасовски е одговорен, бидејќи не го спречил навремено уништувањето на темелите. Тие велат дека не се против поставување на верски објекти во Скопје и извикуваат „Македонија, Македонија…“

Светскиот Македонски Конгрес бара од Министертвото за внатрешни работи да обезбеди услови за доизградба на крстот во Бутел чија изградба беше стопирана поради блокадата од раководството и членовите на ДУИ и да ја врати локацијата во владение на изведувачот на градежните работи и да преземе мерки против сторителите кои го оштетија имотот на градежната парцела.

Незадоволните граѓан сметаат дека Спасовски треба да поднесе оставка затоа што не спречил да се уништат темелите на крстот во Бутел.