Протест пред Офицерскиот дом во Битола

0
1864

Власта официјално да потврди дека е стопирана продажбата на Офицерскиот дом во Битола, објектот да се врати во надлежност на општината,  да се реконструира со државни пари и да се стави во функција.  Ова се пораките од собирот што се одржа пред Офицерскиот дом во Битола.

12647465_10154041889914406_5338797465118788261_n

Потпретседателот на СДСМ кој е и дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски изјави дека до Владата поднел барање веднаш да ја поништи одлуката објавена во Службен весник за продажба на објектот на АРМ во Битола, познат како Офицерски дом.

12645072_10154041889609406_8817900188866870875_n

Кирацовски рече дека побарал Офицерскиот дом да се даде на користење на Битола и битолчани, како и да  се издвојат пари од Буџетот на РМ за реконструкција на домот. Финансии за таа намена ќе бидат побарани и од Општина Битола.

Собирот што се одржа под  мотот „Да го вратиме Офицерски дом на Битола и битолчани“ беше во организација на СДСМ.

Без коментари

LEAVE A REPLY