Протест пред Собрание

0
2643

Под слоганот „Стоп за цензурата! Не ги даваме бомбите!“, граѓанското движење „Ајде“ за денеска попладне пред Собранието најави протест против најавениот предлог-закон за забрана на објавувањето на прислушуваните материјали.

Протестите се најавени откако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ вчера предложија Закон за бришење на сите досега објавени „бомби“ на СДСМ, а казната за секој што не би го почитувал законот да биде четири години затвор.
Доколку се усвои овој закон, би се забранило повторно објавување на веќе објавените „бомби“ на Заев, а нови материјали директно ќе треба се достават до специјалното Јавно обвинителство.
Исто така медиумите ќе мора да ги симнат од своите веб сајтови веќе објавените материјали од прислушуваните разговори.

Без коментари

LEAVE A REPLY