Протест пред Собранието за носење Закон за амнестија

0
300

Граѓанската иницијатива која иницира носење на Закон за амнестија на осудениците, денеска од 12 до 14 часот ќе протестира пред Собранието на Република Македонија.

Протестот, велат, е со цел да добијат позитивен одговор од собранискиот спикер за распишување граѓанска иницијатива на државно ниво за собирање 10 илјади потписи за да се донесе Закон за амнестија во законски предвидениот рок.

Ако не биде одговорено на нивните барања, како што велат, ќе протестираат деноноќно се до добивање позитивен одговор од страна на претседателот Трајко Вељаноски.