Протест против отворањето на психијатриски центар

0
5021

Со транспаренти враце „Сакаме градинка а не амбуланта“,„ Нашите деца играат тука“ жителите од Урбана Заедница Коле Лачето денес на мирен протест го искажаа својот револт поради отворањето на Центар за ментално здравје во нивната урбана зедница. Велат дека не биле против отварањето на ваков центар во градот , но против биле тоа што овај центар се отвара во објектот на УЗ „Коле Лачето“, сместен на ул. „Стара Партизанска“ бб.

protest-2

-Не сме против да се отвара ваков центар во градот, но револтирани сме зошто се отвара во нашата Урбана зедница. Имаме испратено и претставка до Народниот правобранител против одлуката на Совет на општина Битола, велат жителите од УЗ Коле Лачето

protest-6

Нивниот страв е од како што велат дополнителни проблеми во средината во која го минуваат секојдневието како тие, така и нивните деца.

protest-7

Рекоа дека нивниот собир не бил политички мотивиран и потсетија на нивната петиција која што ја доставиле до Советот на општина Битола уште минатата година но истата како што рекоа не била земена во предвид, и советниците ја донеле одлуката за отстапување на просториите на урбата заедница Коле Лачето на психијатриската установа од Демир Хисар за отварање на Центар за ментално здравје.

– Нека дојдат советниците кои што ја изгласаа оваа одлука и нека живеат тука. Веднаш до мојот прозор од спалната соба се наоѓа центарот, велат жителите

protest-3

Што понатаму?

protest-8

– Секој ден ќе штрајковаме и нема да дозволиме да се отвори овај центар, велат жителите

Директорката на психијатриската болница од Демир Хисар Снежана Најдовска обајснива дека објектот го добиле од Општина Битола. Според неа тука ќе се тртиерале пациенти за кои не е потребна хоспитализација и додава дека и светските практики биле вакви.