Протест против пресудите за Диво Насеље

0
460

Со транспаренти на албански јазик и скандирања „УЧК“ и „Косово“, помина протестот против пресудите за случајот “Диво насеље“.

 

Протестот беше мирен, поддржан од семејствата на обвинетите кои на плоштадот „Скендербег“ се обратија пред присутните.

Од плоштадот „Скендербег“ протестот продолжи пред Кривичниот суд каде заврши. Иако првично беше најавено, учесниците на протестот не се упатија кон Собранието на Република Македонија.

Организаторите бараат меѓународна истрага и ревизија на случајот кој, според нив, е уште една неправда кон Албанците во Македонија.