Протест во Демир Хисар

0
883
Жители на Демир Хисар денеска по втор пат го блокираа патот кој минува низ овој град, а ја поврзува Битола со Кичево.
Велат дека се револтирани што градежните работи на оваа фреквентна делница се одвиваат бавно. Велат дека се гушат во прашина, ги уништија возилата, а  прометот на дуќанџиите  и угостителите им е опаднат.
14678087_1330535836959096_239693216_o
 
„ Се труеме во прашина, не се проблем само дупките, туку ова канцерогена прашина од гребан асфалт“ вели жител на Демир Хисар.
 
„ Револтирани сме, постојано живееме во прашина, нечистотија, дома не можеме да седиме, надвор не можеме да излеземе,“ вели друг граѓанин.
14724059_1330535823625764_530336103_o
 
Барале од надлежните да се забрзаат работите, но се останало само на ветувања.
14646792_1330535866959093_502908958_o
 
Од битолската подружница на Македонија пат, кои се изведуваче на градежните работи  се изненадени од протестот на жителите на Демир Хисар.
 
„ Оваа делница не беше предвидена со програмата на Јавното претпријатија за државни патишта, која е инвеститор, но,  ние излобиравме за нејзина реконструкција. Да знаевме дека ќе се соочиме со вакви протести немаше да вршиме пртисок. Наместо благодарност, граѓаните протестираат. Динамиката се одвива позабавено, затоа што работиме и на асфалтирање на патна инфраструктура во  Кичево, вели Веселинчо Спасовски, раководител на битолската подружница на „Македонија пат”.
 
Тој најави дека асфалтирањето на транзитната улица во Демир Хисар во должина од 1300 метри, ќе започне утре, доколку не излезат непредвидени проблеми од техничка природа.

Без коментари

LEAVE A REPLY