Протест во Крива Паланка против изградба на џамија

0
461

Жестоки реакции по одржаниот протест на граѓаните од Крива Паланка против изградбата на џамија во градот но и поради нередите во градот кои завршија со демолирање на верски објект.

Мотото „Протест против исламизацијата на Крива паланка “, под кое се оддржа протестот, од страна на дел од невладините организации беше оценет како говор на омраза врз верска основа.

Организаторите на протестот велат дека никој не смеел да гради џамија без дозвола и документи. Претходно, граѓаните потпишаа и петиција. Градоначалникот на општината, Арсенчо Алексов, во изјава за дел од порталите рече  дека џамија нема да се гради затоа што мнозинството од населението во Крива Паланка е православно.

Мотото „Протест против исламизацијата во Крива Паланка”, центарот за слобода „Цивил” го оцени како говор на омраза и остро го осуди.

– Платформата Цивил, најстрого го осудува говорот што се користи во плакатот и смета дека тој претставува говор на омраза кој предизвикува омраза и нетрпеливост врз верска основа, велат од невладината организација.