Протест заради поставена базна станица

0
560

Станари од зградата Пелагонка 1 која се наоѓа на улицата Прилепска во Битола организираа протест заради како што велат одлуката некој на нивната зграда да постави базна станица. Тие тврдат дека сите станари, односно мнозинството не биле консултирани и не дале дозвола, а исто така велат дека се плашат за нивното здравје. На протестот имаше и луѓе кои живеат во непосредна близина на оваа зграда, кои исто така негодуваа заради ваквата постапка да се постави базна станица на оваа зграда. Побараа од општината да каже кој и како дал дозвола за поставување.