Протестен марш на Протестирам и ГДОМ во Битола

0
995

Синоќа од плоштадот Магнолија започна протестот на „ Протестирам “ . Им се приклучија и членови од сојузот на борците.

Поворката тргна кон општинската зграда. Кај споменикот Ангел им одадоиа почит на загинатите од Вејце и Карпалак во 2001 година. Потоа продолжија кон зградата на општина Битола со баарњата за повлекување на аболицијата, оставка на Талески и отповикување на одлуката за распишаните избори на 5 јуни.

13087653_792417457540152_7413296336981966044_n

Граѓанското здружение за одбрана на Македонија е здружение на патриоти чија основна задача е да се сочува Македонија, порача писателот Петре Димовски на синоќешниот протестен собир на ГДОМ во Битола.

1EFE2F55843068459889EA1B95711998

– Низ вековите се покажа дека Македонија е пиреј кој не може да се истреби. Сега не станува збор за политичките партии туку станува збор за опстанокот на Република Македонија, на Македонецот кој е библиски народ, рече Димовски на протестниот собир на ГДОМ во Битола.

943761_1280393541989323_4537431818329913735_n
Протестниот марш на ГДОМ и вечерва почна од пред Офицерскиот дом, а заврши на плоштадот „Магнолија“ во Битола.