Протестен собир среде Битола за воздухот

0
1222

За итно решавање на проблемот со загадениот воздух во Битола, вечерва на плоштадот Магнолија се одржа протестен собир, од кој беа упатени барања до локалната и централната власт.

Со собирање потписи ќе се бара итно решение на проблемите, а беше прочитана и платформата што ја понуди здружението За нас се работи.

ss

„ Оваа платформа содржи 5 итни мерки, за кои е докажано дека доколку се реализираат, состојбата со загадениот воздух во Битола,  во голема мера ќе се подобри и стави во нормала, со што ќе се намали бројот на енормните заболувања кои се последица на загадениот  воздух. Овие 5 итни мерки не се ништо ново кога е во прашање
справувањето со загадениот воздух. Напротив, тие се предлагани и поединечно и како дел од некоја целина, во повеќе наврати при  донесување на планови и програми во општина Битола, но до нивна имплементација досега не дошло заради многу причини, од кои една
и најважна е немање доволен буџет за нивна реализација.

1. Режим на сообраќајот во централното подрачје на градот во одреден период.

2. Прскање на улиците со соодветна хемиска смеса.

3. Јавен еколошки градски превоз.

4. Субвенционирање на трошоците за електрична енергија на домакинствата.

5. Преадаптација на постојната топлификација во институциите,  како што се болница, училишта, суд, полиција и приванти субјекти  кои загревањето на своите простории го вршат преку согорување на тврди горива во користење на природен еколошки гас.

b

 

На присутните им се обрати и Александар кај кого лекарите дијагностицирале хочкин, а за што рече дека нездравата храна, загадениот воздух и ред други фактори можат да бидат причинители.

v

„Како да останеме исти после толку загубени животи? Пред еден месец ми дијагностицираа Хочкинов лимфом, лани почина татко ми, па сопругата на мојот другар, па мој пријател. Значи три генерации. За мојата болест, докторите велат дека сум претрпел стресови, сум јадел нездрава храна, сум дишел нечист воздух. Во која земја сум ја јадел таа храна, каде сум го дишел тој загаден воздух? Ова не е мојот град, ова не е мојата Македонија“, зборуваше Александар на собирот.

Ги критикуваше и локалнитите власти во Битола, Скопје, Тетово и други градови дека ништо не направиле за подобрување на квалитетот на воздухот.

t

Без коментари

LEAVE A REPLY