Протести и контрапротести во Скопје

0
1257

Илјадници граѓани и вечерва на улиците на главниот град демонстрираат против спорната одлука на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на политичарите, но едни за а други против предвремените избори на 5-јуни.

0,,19185297_303,00

Силен полициски кордон кај Порта Македонија во правец на Собранието ја сопре поворката на демонстрантите кои четврти ден по ред протестираат против одлуката на шефот на државата Ѓорге Иванов да ги стопира процесите против 56 лица инволвирани во аферата произлезена од нелегално прислушуваните телефонски разговори која ја предизвика политичката криза во земјата.

0,,19189985_303,00

Граѓаните на протестот, организирани од невладините граѓански здруженија, извикуваа пароли „Нема правда нема мир“, „Оставка, оставка“, воедно изразувајчи незадоволство од распишувањето на изборите на 5-јуни.

12992120_10209047050564275_617910251_n-702x336

Од друга страна пак, граѓаните организирани од граѓанското здружение ГДОМ , кое се залага изборите да се одржат на 5-ти јуни и и дава поддршка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, со зурли и тапани пристигнаа на Јужен булевар од каде што се упатија кон седиштето на СДСМ. Овие граѓани протестираат против аболицијата на Зоран Заев и на Зоран Верушевски.