Протести и собири на „Протестирам“ и ГДОМ низ Македонија

0
725

Протести на „Протестирам“ вчера се одржаа во Велес, Битола, Штип, Делчево, Кочани, Струмица, Прилеп, Кичево, Валандово, Радовиш и Ресен. На нив се побара оставка на претседателот Ѓорге Иванов, повлекување на неговата одлука за аболиција и одложување на изборите на 5. јуни.

Кризата мора да заврши и мора да одиме на избори на 5 јуни порачаа пак граѓаните од собирите организирани од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) во Прилеп, Битола, Кичево, Велес, Ресен, Радовиш, Валандово и Делчево.