Протести пред министрството за финансии

0
478

Министерството за финансии реагира на синоќешните протести на Шарената револуција кои беа одржани во знак на протест против задолжувањето од 650 милиони евра. Од министерството велат во однос на вчерашните протести пред заградата на министерството за финансии, при кои беше оштетена со боја фасадата на зградата, би сакале да посочиме дека министерството за финансии го почитува неприкосновеното право на граѓаните за мирен протест, но го осудува вандалското однесување на поединци кои оштетуваат државен имот изграден со парите на граѓаните на Република Македонија. Инаку антивладините демонстранти синоќа беа заглавени во преминот кај кафулето „Корзо“ под градски ѕид. Тие на секој начин се обидуваа да пристигнат пред министерството и на крај преку гаражите и влезовите успеаја да го поминат кордонот.  Откако успеаја да дојдат пред министерството тие ја обоија фасадата во знак на протест за најавеното задолжување од 650 милиони евра, а група девојки со кармин испишаа пораки на вратата.