Протести против резултатите од референдумот во Турција

0
244

Турските граѓаните излегоа на улиците да го изразат своето незадоволство од резултатите од референдумот за уставни измени во Турција, на кој со тесно мнозинство беше одобрена промената на парламентарниот систем во земјата со претседателски.

Организаторите на протестите изјавија дека тие се незадоволни од „измамите, неправедата и кражбата на гласовите“ на референдумот.

Турскиот претседател Ердоган пак,  синоќа во своето обраќање пред неговите прврзаници пред претседателската палата во Анкара се подбиваше со демонстрантите кои протестираа против резултатите од референдумот.