Протестираат државните службеници во Грција

0
186

Државните службеници во Грција излегоа на протест против новиот договор за економски спас на државата, постигнат меѓу Владата и меѓународните кредитори.

Грчкиот парламент синоќа го усвои законот со кој се овозможува до крајот на идната година да бидат отпуштени над 15 илјади државни службеници.

Во договорот Грција се согласи на многубројни реформи кои се неопходни за финансиската помош на Грција од еврозоната.

Протестот ќе го одржат вечерва пред парламентот, каде пратениците треба да гласаат за третиот по ред финансиски за Грција, вреден  85 милијарди евра.