„ Протестирам“ побара ослободување на членовите на Левица

0
828

И синоќа во Битола протестен марш на Протестирам. Битолското движење протестот го започна од Магнолија, поминаа пред судската палата и пристигнаа пред зградата на општина Битола каде и синоќа имаше кордон полиција.

Од синоќешниот протест побараа ослободување од обвинение и од домашен притвор на демонстрантите меѓу кои има и битолчани, а кои учествуваа на протестите во Скопје.