Против ограбувачот на НЛБ банка е поднесена кривична пријава, парите ги нема

0
704

Б.С. (40) е лицето што завчера околу 19 часот било приведено во полициската станица во Кисела Вода. Тој е главниот осомничен за грабежот од околу 3 милиони евра што завчера се случи во трезорот на НЛБ банка. МВР веќе поднесе и кривична пријава против Б.С. и предлог за 30-дневен притвор.

Бобан С. бил вработен во трезорот на НЛБ банка и завчера околу 16 часот со два милиони франци и 270 илјади евра незабележано, со кеса полна со пари, излегол од банката. Околу 17 часот директорот на трезорот на банката го пријавил грабежот во полиција.

Од НЛБ банка велат дека парите се осигурени и дека банката сосема нормално продолжува да работи со своите клиенти.

Кривичната пријава е за затајување. Тој парите ги вадел од банката во период од 6 до 10 април, а нема никакви информации за тоа кај се парите.