Процесот „Дива Населба“ продолжува со сослушување на сведоци

0
500

Сведоците, кои ќе сведочат денеска, исто како и сведоците од минатото рочиште, се лица од локалното население во Кумановско. Според најавите, пред судот треба да сведочат единаесет лица.

Локално население и лица чии куќи биле оштетени во борбените дејствија во кумановската Дива Населба денеска ќе сведочат во Судот по предлог на Обвинителството. До сега сослушани беа петнаесетина сведоци, меѓу кои и полицајци, во судскиот процес против 29 обвинети, кои се товарат за сторени кривични дела терористичко организирање и тероризам, за случувањата од 9 и 10 мај минатата година во кумановската Дива Населба.

Сведоците, кои ќе сведочат денеска, исто како и сведоците од минатото рочиште, се лица од локалното население во Кумановско. Според најавите, пред судот треба да сведочат единаесет лица.

Во дводневната престрелка во кумановската Дива Населба загинаа осум припадници на македонската полиција и десет припадници на вооружената група.