Процесот на легализација сеуште трае

0
462

taleski 22 134 решенија за легализирани дивоизградени објекти денеска беа поделени во општината.Граѓаните задоволни што ја потврдиле своината.

Оние кои добија решенија за легализација беа многу балгодарни што општината им дала можност за легализација.Градоначалникот истакна дека над 12 000 биле аплицирани, од кои половина се решени, а голем број заради непотполна документација тапкаат в место.

taleski 22

Д-р Владимир Талески градоначалник на Битола вели дека сите кои имаат непотполна документација да ја достават најдоцна до 31.12.2015 за да си го решат случајот во спортивно нема да може да си ги легализираат своите објекти.

taleski  22 2Се напоменува дека после 31 декември легализација нема да биде возможна, а објектите независно дали ќе се рушат, истите ќе бидат нефункционални, бидејќи нема да се дел од Деталниот урбанистички план, ниту катастарски регистрирани, ниту со право за продажба или истиот да се остават во наследство, токму од овие причини се апелира непотполните документации да се пополнат и со тоа граѓаните да добијат решение за легализиран објект.

Без коментари

LEAVE A REPLY