Прв академски час на УКЛО

0
415

Првиот aкадемски час на Битолскиот Универзитет се одржа денеска на Техничкиот Факултет, како факултет со 54 годишна традиција. Новата академска година ја започнаа околу 2000 бруцоши. Современиот технолошки развој бара се повеќе квалитетен инжинерски кадар па затоа оваа година интересот за техничките науки е зголемен. Успешен старт на 205 бруцоши на Техничкиот факултет им посака деканот Нусев

„ Со Традиција од 54 години постоење, со квалитетен наставен кадар и со современи студиски програми Техничкиот факултет претставува прва станица на домашните и странските инвеститори за избор на квалитетно високо образовна сила во областа на машинството, електротехниката, сообраќајот, транспортот, графичкото инженерство, индустриски менаџмент и мехатрониката“, изјави проф.д-р Стојанче Нусев, декан на Технички факултет

По повод одбележувањето на новата академска година ректорот Жоглев рече дека студентите направиле добар избор што го одбарале Битолскиот Универзитет бидејќи тие се должни да им обезбедат се што е неопходно за нормален тек на образованиот процес , а обврска на студентот е континуирано да се надградуиваат со интерес и желба за завршување на високото образование побрзо со што поголем успех

„Сите оние кои што се запишале направиле добар избор, бидејќи нашиот Универзитет е втор државен Универзитет во државата, бидејќи имаме работи со кои што можеме да се гордееме, пример докторски студии на англиски јазик со Универзитетите во Барселона и Ница“, изјави проф.д-р Златко Жоглев ректор на Универзитетот „ Св. Климент Охридски“- Битола

Универзитетот како целина е нешто што покрива повеќе од класично учење а тоа е нов академски наќин на живот кои што овие нови луѓе ни го доверија нам, рече меѓу другото проф.д-р Сашо Коруновски кој што од 1 октомври стапува на функцијата ректор на Битолскиот Универзитет

„Нивната желба да студираат на овај Универзитет е обврска за нас, бидејќи она што ќе им го пренесеме како идни нивни струки ќе ги прати во целиот нивни живот“, изјави проф.д-р Сашо Коруновски, декан на ФТУ

На најдобро рангираните бруцоши освен идексот кои го добија, ќе бидат ослободени од плаќање на партиципација.

Без коментари

LEAVE A REPLY