Прв диет клуб во Битола-Вт диет клуб

0
1760

Луѓето денес речиси на секој чекор се среќаваат со најразлични совети за здрава исхрана, најразлични диети, меѓутоа сте се запрашале ли колку од овие упатства се точни и колку тие диети се ефективни и здрави? Зошто потребата од нутриционист?

– Потребно е да се има консултација со нутриционист бидејќи исхраната треба да биде индивидуална, не постои глобална исхрана за секој човек. Секој треба да се исхранува според својот метаболизам , својата здравствена состојба, односно потребен е еден индивидуализаиран пристап кон исхраната-истакнува нутриционистот од Вт.диет клуб Битола, Влатко Таневски и додава- факт е дека исхраната може да помогне многу во совладувањето на болестите особено во совладувањето на хроничните болести.

ВТ Диет клубот располага со две диет програми: Вт диет програма и Вт спорт програма. Вт диет програмата се базира на принципите на метаболичката исхрана, а спорт програмата е наменета за спортистите .

ВТ Диет клубот во Битола е прв диет клуб во Битола и прв интернет диет клуб во Македонија.