Прв Лајонс парк во Битола

0
793

Лајонс клубот „Хераклеа“ на Градското Шеталиште во Битола, го промовираше и отвори првиот македонски Лајонс Парк, проект посветен на лицата со делумно или целосно оштетен вид.

Лајонс паркот го отвори гувернерот на дистриктот 132 Македонија, Звонимир Цветановски кој истакна дека наскоро Лајонс паркови ќе бидат отворени и во неколку други градови низ државата.

-Првиот македонски Лајонс Парк е катче во кое ќе уживаат, ќе се одмораат и ќе престојуваат слепите лица на кои секојдневно сме посветени, но и нивните пријатели кои посебно при високи дневни температури ќе може да отседнуваат под ладовина. Лајонс паркот е скромен придонес од нас лајонсите за естетско уредување на просторот и затоа битолското проектно решение ќе го предложиме и на другите лајонс клубови во Македонија, истакна Цветановски.

Координаторката на проектот Лилјана Ристевска посочи дека лајонсите како витези на лицата со оштетен вид, секогаш со конкретни активности даваат соодветна поддршка и помош.

Во просторот на „Лајонс паркот“ во Битола во иднина ќе се организираат и разни културни манифестации, поетски читања и други креативни манифестации, беше истакнато на свеченоста во овој град.