Прв натпревар по ораторство на УКЛО

0
1015

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во рамки на одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на патронот Св Климент Охридски, на 15 април 2016 година одржа Ораторски ден за студентите – УКЛО ТРИВИУМ.

На натпреварот учествуваа 17 говорници од: Правниот факултет, Факултетот за безбедност, Педагошкиот и Економскиот факултет. Темата на која се подготвуваа говорниците е: „На патот кон Европската Унија – можности и предизвици за Република Македонија“.

За најдобри говорници беа прогласени: Филип Ристески од Педагошкиот факултет (прво место), Лина Димоска од Економскиот факултет (второ место) и Марија Николовска од Педагошкиот факултет (трето место). Наградените ќе го претставуваат УКЛО на македонскиот студентски собир, што по повод Денот на Европа ќе се одржи на  4 мај, а домаќин годинава ќе биде нашиот Универзитет.

За сите учесници на УКЛО ТРИВИУМ 2016 Универзитетот додели пофалници, за менторите благодарници, а на тројцата најдобри, покрај дипломи, ректорот проф. д-р Сашо Коруновски им врачи и парични награди.

Говорничките и реторички способности на студентите ги оценуваше посебна Комисија во состав: доц. д-р Моника Ангелоска-Дичовска, проф. д-р Оливера Костоска и доц. д-р Мирјана Ристовска.

УКЛО планира овој натпревар да прерасне во традиционален

Без коментари

LEAVE A REPLY