Прв пораз на Серена во 2015

0
245

Чешката тенисерка Петра Квитова ѝ го нанесе првиот пораз во сезоната на Серена Вилијамс, откако во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид победи со 6:2, 6:3. Во финалето Квитова ќе игра против Светлана Кузњецова која со 6:2, 6:4 славеше над сонародничката Марија Шарапова.

Квитова во полуфиналето против Серена ја забележа првата победа по серијата од шест порази во меѓусебните дуели, а воедно и го нанесе првиот пораз на Американката која имаше серија од 27 победи.

Мастерс турнирот во Мадрид се игра за награден фонд од 4.185.405 долари