Прв Регионален меѓудржавен Филмски Фонд

0
601

Битола станува центар на Balkan cinema cities – регионална филмска платформа за соработка на градови и држави од Југоисточна Европа, во областа на филмската дејност.

После влегувањето на Битола во мрежата на креативни градови на УНЕСКО во областа на филмот, денеска во оваа општината беше потпишан Меморандум за создавање на Интернационален регионален филмски фонд. На средбата присуствуваа директорите на филмските фондови од Албанија, Македонија и Бугарија, како и претставници од градовите со изградена филмска инфраструктура и искуство во снимање филмови. Неколку од овие градови се познати по значајните интернационални филмски фестивали кои со години наназад се синоним за квалитет и промоција на најдобрите филмски остварувања од Европа и светот.

„Сите ние ќе се обидеме да поддржиме, да стимулираме филмски проекти кои што ќе се снимаат во овој Балкански регион. Ова е само почеток, затоа што веќе имаме сугестии и желба на останатите држави да се вклучат во ваквата размисла. Денеска ќе се формираат работните тела и работните групи, ќе се среди документацијата, а следната фаза ќе биде средба на сите градоначаници кои го поддржуваме БСС од градовите Тирана, Корча, Битола, Пловдив и Благоевград. Центарот на БСС ќе биде Битола токму поради значењето кои го имаат Браќата Манаки со носењето на првата камера на Балканот токму во Битола”, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.

Во идниот период ќе следува селекција на проекти, а градовите со поддршка на фондовите ќе партиципираат во поддршка на тие проекти. Целта на Balkan cinema cities е да се стимулираат автори и приказни кои ќе се реализираат во овој регион. Очекувањата се БCC постепено да стане многу сериозна институција, токму според примерот во големите земји како Германија, Франција и Италија.

Без коментари

LEAVE A REPLY