Прв самостоен албум на Дарко Јоцковиќ

0
329

Дарко Јоцковиќ, попознат во јавност како еден од членовите на групата Б клан, оваа година го издава својот втор по ред, но прв самостоен албум 1000 причини.

Албумот е снимен во Гимел студио и на истиот има неколку песни соработки со други музичари.

Претходно Дарко го промовираше видео записот за песната Насмевка, снимена во Гимел студио а видеото низ Широк Сокак, песна која е соработка со Марија Станковска.

Повеќе за албумот, но и идејата самостојно да сними албум, од разговорот со Дарко во видеото во продолжение.