Прв случај на заболен од Зика вирусот преку полов пат

0
440

Во Далас е регистриран првиот случај на пренесување на зика вируот преку полов пат. Според здравствените власти, лицето не патувало во странство, туку се заразило со вирусот од човек, којшто бил во Венецуела.

Вообичаено вирусот Зика се пренесува при каснување од комарец. Научниците истражуваат дали е возможно тој да биде пренесен преку полов однос.

Се наведува и случај за научник од Колорадо, кој се заразил со вирусот во странство и ѝ го пренел на сопругата, кога се вратил дома во 2008 година.