Прв случај на Зика пренесена по полов пат во Франција

0
423

Во Франција е забележан првиот случај на вирусот зика пренесен преку сексуален однос, изјавила денес француската министерка за здравје Марисол Турен.

Случајот е откриен пред неколку дена кај жена „која не е бремена“, а ја заразил партнерот кој се вратил од Бразил, кажа министерката. Парот живее во областа на Париз.

Жената има класични знаци на болеста. Не е хоспитализирана и добро се чувствува. Светската здравствена организација на 1. фебруари прогласи вондредна ситуација на глобално ниво поради брзото ширење на вирусот зика кој го пренесуваат комарците. Бразил бележи најголем број на случаи со бебиња родени со микроцефалија.