Прв состанок на ЕУ-лидерите без Британија

0
285

Лидерите на 27-те држави членки на Европската унија денеска во Брисел првпат ќе се состанат без Велика Британија, по референдумската одлука за излегување од Унијата.

Вчера европските лидери се сложија на Британија да ѝ се даде „малку простор“, за Владата во Лондон да може да се опорави од референдумот пред да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, со што официјално ќе почне разделбата.

Германската канцеларка Ангела Меркел го предупреди британскиот премиер  Дејвид Камерон  дека „не може да ги бира“ условите за излез, што се толкува како нејзина загриженост оти заминувањето на Британија од Унијата би можело да предизвика домино ефект кај другите членки на ЕУ.

Камерон синоќа се врати во Лондон (од Брисел), а претседателката на шкотската Влада, Никола Стерџон, отпатува во спротивен правец, за во Брисел да го испита расположението за останување на Шкотска во ЕУ.

Граѓаните на Шкотска со 60% на референдумот поддржаа останување во Унијата, а Стерџон подоцна изјави дека е „многу одлучна да ги сочува односите и позицијата на Шкотска во ЕУ“.