Прв заеднички предизборен настап на Обама и Клинтон

0
205

Американскиот претседател Барак Обама и кандидатот на Демократската партија за претседателските избори Хилари Клинтон за прв пат заедно се појавија во предизборната кампања пред избирачите во Шарлота, Северна Каролина. Клинтон изјави дека Обама е претседател кој знае да ја држи земјата безбедна и силна и оти нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп бил неподобен да биде на чело на САД. Обама пак, од своја страна оцени дека нема посоодветна личност за претседател на САД од Хилари Клинтон.

Тој го пофали карактерот на својот екс државен секретар само неколку часа откако ФБИ објави дека нема да покренува обвинение против неа за скандалот со нејзиниот приватен имејл.