Прва голема победа за Трамп, доби дозвола да го менува Обамакер

0
430

Предлогот на Републиканската партија за промена на системот за здравствена заштита во САД е усвоен со мало мнозинство во Претставничкиот дом на Конгресот. Со 217 гласови „за“ напрема 213 гласови „против“ е усвоен законот кој води кон исполнување на ветувањето на републиканците дека ќе го укинат „Обамакер“ што беше еден од приоритетите на претседателот Доналд Трамп. Сега законот треба да биде усвоен и во Сенатот каде што многумина сенатори сметаат дека тој треба да претрпи извесни промени. Демократите и американсктото здружение на лекари кое има 250 илјади членови се против овој закон.