Прва регионална конференција во Битола

0
559

Слободата на сопствена мисла и изразување е клуч во развојот на секоја индивидуа, ова порака e упатена од првата Регионална конференција на „Студенти за слобода“ во Македонија која што се одржа на Техничкиот факултет во Битола.
Се додека луѓето се преокупирани со тоа како да преживеат, немаат време да размислуваат за слобода, рече професорот Ненад Марковиќ во своето предавање, но колку нашиот народ ја практикува индивидуалната економска и политичка слобода?

– Во таа смисла остануваме политичка култура која прилично јас би рекол не само неиндивидуалистичка, бидејќи тоа е можеби недефиниран термин, туку и политичка култура која секогаш бара да биде раководена, не превзема одговорност за сопствената судбина, во таа смисла имаме уште многу да учиме, иако мислам дека на ниво на цивилно општество овој процес е почнат на повеќе нивоа и неговиот правец ќе биде незапирлив. Она што е со сигурност е дека ќе треба време, изјави Проф.д-р Ненад Марковиќ професор на Правен факултет Јустинијан Први

На истата тема говореше и деканот на Правниот факултет при УКЛО, Горан Илиќ, тој истакна дека потребно е развивање на свеста кај младите луѓе за да се развива креативноста, претприемништвото и индивидуализмот, кои често се заведени од политички партии кои промовираат колективистички идеи.
На конференцијата се зборуваше и за потребните реформи во насока на легализација на канабисот, на која што Адвокатот Јанаки Митровски објасни за македонските закони и примерите на декриминализација и легализација на канабис во светот, тој вели дека во Македонија оваа иницијатива со бебешки чекори се движи напред, но дека постарата популација е конзервативна за прифаќање на оваа иницијатива, но Митровски се надева дека во иднина ќе има легализација на канабисот во Македонија.

-Тоа пред се зависи од политичката воља на главните политички чинители на нашата политичка сцена, за жал повеќепати сум повторил, кај нив се работи за проста математика , доколку тоа прашање им носи гласови тие се спремни да го подржат тоа, ако не нема да го подржат. Имајќи во предвид фактот дека се работи за светски тренд сметам дека во блиска иднина во Македонија можно е да се случи легализација и декриминализација на канабисот, изјави Јанаки Митровски Адвокат

Новинарката Љубица А. Манговска и фриленс новинарот од Брисел, Бил Вирц говореа за предизвиците на медиумите и начините на промоција на слободата преку пишување.
Слободните медиуми треба да бидат пилар на секоја функционална демократија, но тоа најчесто изгледа како грешка на модерното време , вели таа.

-Голема вистина е дека медиумите се најчесто под политичко и економско влијание, ако станува збор за политичко влијание ја знаеме позадината, а ако станува збор за економско влијание тогаш најчесто е влијание од политичките центри на економска моќ. Денес не може да се зборува за вистински независни медиуми, за жал на Балканот слободата на говорот е ставена во позадина на говорот на омраза кој што доминира во последните децении и за жал многу ретко можеме да зборуваме за слобода на говорот, најчесто зборуваме за говор на омраза,  изјави Љубица Ангелкова Манговска новинар во Тв Тера

Брајан О’Шеа од Страјкер Пирс зборуваше за секојдневното соочување на граѓаните со шпионажата и корпоративното разузнавање.

– Индустриската шпионажа е најактуелен сегмент на шпионажата. Шпионажа има сегде кaде што се служи алкохол, а луѓето кога пијат не внимаваат, дури ни на нивните телефони. Исто така кога луѓето патуваат, најчесто патуваат сами и сакаат да разговараат со странци со цел да им помини побрзо времето, а не размислуваат дека можеби тој странец може да биди шпион, изјави Брајан О’Шеа истражувач

Инаку организацијата Студентите за слобода претставува прва студенска организација која стана дел од големото движење во Европа и Светот и има за цел да ги поттикне студентите да се запознаат подобро со идејата слобода.