Прва самостојна изложба на Михаил Гаџовски

0
293

Во салонот на ДЛУБ, младиот фотограф Михаил Гаџовски во рамките на јубилејното битолско културно лето БИТ ФЕСТ, ја имаше својата прва самостојна изложба.Љубовта кон фотографијата е пренесена од неговиот дедо.

Михаил има објавено фотографии во локални и национални медиуми и е наградуван со признанија за своите дела. Неговиот интерес на фотографирање опфаќа повеќе области, а пејсаж фотографијата е главната тема која доминира во неговиот репертоар.