Прва самостојна изложба на Никола Српчански

0
423

Делата Лебдење, И би, Страстание, Тројав, Вогнојав, се само дел од изложбата на уметникот Никола Српчански изложени во културниот центар Магаза.

Изложбата се состои од 20 дела.

Ова е прва самостојна изложба на Српчански, а учествувал на повеќе групни изложби во земјата и странство и на ликовни колонии.

Никола за своите дела е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои Златна палета награда за најдобри поединечни остварувања на детското ликовно студио Св. Кирил и Методиј Битола, 1- ва награда на конкурсот Правата на детето под покровителство на Уницеф, сребрен медал на 30-тата интернационална детска ликовна изложба Јапонија.

Покрај овие награди ги добил и плакетата и медалот за квалитет на творби Евора 2003, Португалија, признание 12 ти септември од општина Могила, златен медал за кваалитет на творби Евора 2004 и многу други.

Изложбата во магазата ќе биде поставена до 10 ти јануари.