Прва самостојна изложба на Симона Калица

0
2400

Unexpected е насловот на првата самостојна изложба на младата фотографка Симона Калица, која премиерно битолчани ќе имаат можност да ја погледнат на 5 -ти мај во мезе бар Јагода.

Симона е млад талентиран уметник, голем љубител на уметноста и сите скриени и необични нешта во неа. Студира правни студии, меѓутоа главно се занимава со фотографија.
На почетокот, фотографијата за неа претставувало големо задоволство кое што сега се претворило во пасија.
– Уживам во бои кои што ја прават фотографијата хармонична и богата, но самата монохроматска фотографија е визуелно поинтересна затоа што те тера да го гледаш светот поразлично од она што веќе е.
– Ти си го знаеш својот свет подобро од било кој друг, затоа претстави го-вели Симона.Изложбата е поддржана од СФЕРА Македонија и мезе барот Јагода и ќе трае до 10-ти мај.