Прва стратегија за здравје и животна средина во регионот

0
546

Македонија прва во Европа по загаденост. Независниот истражувачки центар Нумбео според индексот на загаденост пресметан за првата половина од 2015 година ја рангираше Македонија на првото место, со индекс на загаданост од 87,70 и опсег на загадување од 162,03 на листа од 37 држави.  lista-na-zagadenost

Според државниот сектретар за животна средина, Соња Лепиткова, индексите не се пресметани врз мерливи параметри и индикатори.

-Како Министерство за животна средина заедно со Министерството за здравство, затоа што цениме дека тие индекси не се прават врз мерливи параметри и индикатори, развиваме стратегија за здравје и животна средина во која ги внесуваме сите индикатори и влијанието врз здравјето на луѓето. Тоа ќе биде прва стратегија во регионот и пошироко. Во завршна фаза е, за десетина дена ќе го добиеме мислењето, изјави Соња Лепиткова, државен секретар за животна средина.

Лепиткова вели дека во самата стратегија има приоритети за кои ќе биде побарано да се третираат како приоритети и во буџетот. Таа посочува дека мониторингот мора да се одржува.

-Во сферата на водите не стоиме така лошо и дека тие индикатори, се што ќе се носи како заклучок мора да се базира на некакви мерливи индикатори. Како држава мониторингот треба да го одржуваме, изјави Лепиткова.

Минатиот месец во Битола мерните станици не покажале вредности над дозволеното.

-Минатиот месец во Општина Битола мерните станици кои работат и двете, покажуваат дека нема покачување над дозволената концентрација, само два дена, но тоа беше мала бројка. Не можеме да влијаеме на климатските услови, но можеме да ги подобриме состојбите во греењето и работата на индустријата. Битола и Скопје треба да бидат опфатени со гасификацијата, изјави Лепиткова.

Според рангирањето во светски рамки, Независниот истражувачки центар „Нумбео“ ја рангираше Македонија на шесто место во светот, на листа од 103 држави. Инаку Нумбео ранг-листите не ги прави според загадувањето, туку според гласањето на посетителите на сајтот.

Без коментари

LEAVE A REPLY