Прва заедничка соработка на композиторот Неќак и режисерот Поповски

0
498

Во словенечкото народно гледалишче Драма, беше изведена премиерата на најновата претствава на македонскиот режисер Александар Поповски со наслов Мерилин пустата земја, по текст на германскиот драматург Танред Дорст.

Текстот е од 1981 та година и е во жанрот на постмодернистичка утопија.

За истата Поповски вели- денес кога се обидуваме да го редефинираме концептот на демократијата и либералниот капитализам, вклучувањето на магијата изгледа интересно решение. Кога народот е поделен по различни основи и секоја страна е подготвена да се бори за својата верзија на вистината докрај, решение? Нема.Освен ако не се појави било кој со магична моќ да го реши конфликтот во кој се наоѓаме.

Музиката за претставата е дело на композиторот Марјан Неќак и ова е нивна прва заедничка соработка. За претставата Неќак вели- текстот и темата се како билбија и нудат широк спектар на музички израз во претставата кои конзистираат со она што некогаш било и со она што денес ни се случува.

Претставата ја подготвиле во период од два месеци, а во истата играат 13 актери.

Претходно Поповски триумфираше со претствата Хамлет во Белград, од Шеспир, во југословенското драмско позориште во адаптација на Горан Стефановски .

Главната улога ја игра Небојша Глоговац.

Покрај оваа претстава со наградуваната претстава Духот кој оди на српското народно позориште од Нови Сад, во Загреб се отвори театарскиот фестивал Гавелини вечери. Оваа претстава е по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Поповски.

Инаку Поповски е добитник на наградата за најдобра режија на сатиричната комедија „Мистерија Буфо“ , чиј автор е Владимир Мајаковски, а во продукција на „Словенско младинско гледалишче“ од Љубљана, на фестивалот „Денови на комедија“, во Цеље, Словенија.

Претставата воедно е прогласена и за најдобра претстава на годината од страна на жири комисијата.