Прва жртва на невремето во Грција

0
1586

Грчките медиуми јавија дека еден овчар починал откако бил погоден од гром во невремето што ја зафати Грција.

Најпогоден од невремето е вториот крак на Халкидики и местата Торини, Сарти, Мармарас, Порто Куфо.

Едно лице загина од гром, а романски алпинист е исчезнат на планината Олимп, каде температурата паднала до нулата, десетици поплавени автомобили, продавници, приземни апартмани и патишта во регионот на Солун и Ситонија, вториот крак од Хилкидики, а, исто така, и излеани реки од своите корита, како и огромни штети врз земјоделските посеви во регионот на Ахаија, на полуостровот Пелопонез, во јужна Грција, и Етолоакарнанија во западниот дел на земјата, е епилогот од невремето што од саботата вечерта до синоќа ја зафати Грција, јавија грчките медиуми.

Во летувалиштето Порто Карас поради надојдените води властите ги евакуирале туристите од тамошниот кампинг.

Паднатите поројни дождови разурнале патишта и инфраструктура, а на оделни места предизвикале и свлечишта.

Според Солунско радио, странските туристи масовно го напуштиле регионот на Халкидики.

Лошото време создало проблеми и на островот Лимнос, каде многу куќи биле поплавени.

Фериботите во реонот на Рио-Антирио, пак, биле повлечени од големите бранови.

Македонските туристи се евакуирани, а од МНР известуваат дека немаат други пријави за помош, освен за едно семејство кое било на одмор во Торини и кое се обратило за помош во конзулатот во Солун.

Без коментари