Првата претстава во Израел на Битолскиот театар помина одлично

0
251

Со силен аплауз и овации беа поздравени актерите на Народниот театар од Битола кои синоќа, во израелскиот град Акре, ја изведоа претставата „Среќен крај“ во режија на Благој Мицевски.

Претставата која беше прикажана во рамките на 36-тото издание на реномираниот меѓународен театарски фестивал „АККО“, наиде на голем интерес кај многубројната публика, меѓу кои беа и претставници од македонската амбасада во Израел, театарската критика, како и авторот на текстот Идо Нетанјаху, кој не го криеше задоволството од успешниот настап на актерите од Битолскиот театар.

Поради огромниот интерес за проследување, претставата „Среќен крај“ која обработува една семејна драма во 30-тите години во Берлин, и денес ќе биде одиграна пред израелската публика, а веќе на први октомври ќе има трета изведба во Тел Авив, во еден од најеминентните театри во Израел, Камери театарот.

Изведбата на претставата „Среќен крај“ во Израел претставува дел од богатата културна програма која Министерството за култура и Амбасадата на Државата Израел во Република Македонија ја подготвија по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи помеѓу Македонија и Израел.

Без коментари

LEAVE A REPLY