Први мај одбележан низ светот, инциденти во Истанбул, во Париз силно обезбедување

0
694

Традиционалните прослави на Први мај, Меѓународниот ден на трудот, беа организирани во неделата во многу делови од светот, при што на традиционалното масовно одбележување се забележани се инциденти и една жртва, а во Париз во попладнето поворката е обезбедуваат силни полициски сили.

Во Истанбул за обезбедување на повеќе места во градот се ангажирани околу 25.000 полицајци, кои со солзавец и водени топови го растеруваше демонстрантите на повеќе места во градот, најмногу кај плоштадот Таксим, каде што традиционално се организираат протести. Во овие протести загина едно лице а триесетина се повредени, додека 200 демонстранти се приведени, јави агенцијата Anadolu.

Во Москва речиси 100.000 луѓе, според процените на полицијата на руската престолнина, учествувале во големата поворка организирана на Црвениот плоштад, носејќи црвени знамиња и балони покрај ѕидините на Кремљ потсетувајќи наголемите паради во некогашниот Советски сојуз. Се проценува дека повеќе од милиони луѓе во Русија го одбележаа Празникот на трудот, кој се совпадна со првиот ден од Велигден.

Во италијанскиот град Џенова во неделата претпладнето по дождливо време се одржа заедничката поворка на трите главни синдиката – CGIL, CISL и UIL во која учествувале околу 5.000 луѓе, при што немало инциденти, вечерта на римскиот Плоштад на свети Иван Лутерански наместо синдикални собири се одржува рок концерт.

Во Швајцарија првомајските собири се одржани во повеќе од 50 градови, вклучително и во Женева и во Цирих, во организација на синдикатите, за да се предупреди на социјалната неправда и намалувањето на пензиите и да се критизира десното мнозинство, јави агенцијата ATS. Демолирања и кражби биле забележани во Лимат, и тоа ноќта во неделата.

Во Јужна Кореја десетици илјади луѓе протестираа против најавените реформи на работните услови, на предлог на претседателката Парк Гуен-Хи и нејзината конзервативна партија, со што се олеснуваат отпуштањата на работниците.

Ви Франција Празникот на трудот мина во изразено напната атмосфера, по двомесечните протести против нацрт законот за труд на социјалистичката влада и многубројните собири одбележани со жестоки судири со полицијата. Попладнето започна заедничката синдикална поворка, првпат во последните седум години. Во Марсеј, Бордо, Тулуз и Нант повеќе илјади демонстранти бараа во неделата претпладнето повлекување на спорниот нацрт закон за реформа на законот за работни односи, пренесува AFP.

Во Австрија социјалдемократскиот канцелар Вернер Фајман со повици на негодување го дочекаа околу 80.000 во Виена кои бараа негова оставка додека тој држеше говор, обидувајќи се да ја брани мигрантската и политиката на вработување на големата коалиција со христијанските демократи којашто ја предводи.

Меѓународниот празник на трудот, во неделата прославен во многу земји во светот, е воспоставен во американски Чикаго во 1886 година на предлог на синдикалното движење кое барало осумчасовен работен ден./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY